Adham Kako,Mohamad Misto
02 Март 2018•Ажурирај: 04 Март 2018
ИСТОЧНА ГУТА/АНКАРА (АА) - АДХАМ КАКО/МУХАМЕД МИСТО - Жителите на Источна Гута која е под блокадата на режимот на Башар ал-Асад се наоѓаат во засолништа кои се единствената можност да преживеат. Народот кој се плаши да излезе надвор поради нападите кои се вршат и покрај примирјето, чека во подруми без светла и без храна, јавува Anadolu Agency (AA).
И покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) и прогласувањето на примирје од страна на Русија, Источна Гута е под бомбардирање.
Поради тоа што надвор нема можност за засолнување, цивилите се наоѓаат во подруми кои се нарекуваат како засолништа.
Во овие засолништа нема храна, греење и можности за осветлување.
Едно семејство кој живее во еден подрум во Источна Гута во разговор за Anadolu Agency (AA) ги раскажа тешкотиите со кои се соочува.
Ум Мухамед е жена која претходно го загуби нејзиниот сопруг во нападите на режимот. „Јас сум мајка на девет деца. Се колнам дека моите деца веќе 10 дена се гладни. Излегувам надвор и се обидувам да најдам нешто за нив како марула и магданос. Не можам да најдам нешто за да се најадат. Не можам ниту да ги бањам бидејќи не можеме да излеземе од тука“, рече Мухамед.
- „Само Господ знае дали тие кои ќе излезат од тука можат да се вратат или не“
Ебу Велид, татко на пет деца, рече дека тука се соочиле со секаква криза. „Но она што го доживеавме во последните денови не може да се опише. Сигурно дека никому не му се случило вакво нешто во досегашната историјата“, нагласи тој, истакнувајќи дека силите на режимот користат секаков вид на оружје во нападите.
„Живееме еден ненормален живот. Живееме во засолништа. Само Господ знае дали тие кои ќе излезат од тука можат да се вратат или не. Живееме трагичен живот“, истакна Ебу Велид.
Источна Гута со површина од 104 километри квадратни која вклучува неколку подрачја во источниот дел на Дамаск, е изложена на најголемата катастрофа на граѓанската војна. Во Источна Гута, која е под контрола на опозицијата, околу 400.000 цивили, од кои половина деца, веќе 5 месеци живеат без храна, лекови и се изложени на интензивни напади.
Источна Гута за време на преговорите во Астана беше прогласена за зона без судири. Но, Асадовиот режим, чија земја гарант е Русија, од април минатата година ја интензивираше блокадата на подрачјето, а во последните месеци ги интензивираше и нападите.
Илјадници болни лица чекаат да бидат евакуирани од регионот во кој е продлабочена хуманитарната криза, од кои стотици имаат потреба од итна евакуација. Повеќето од болните се деца и заболени од канцер. Голем број деца и бебиња во Источна Гута починаа од глад и недостиг на лекови.