Bilgin S. Şaşmaz
20 Ноември 2016•Ажурирај: 21 Ноември 2016
ЧИКАГО (АА) - На парадата во улицата Мичиген, во американскиот град Чикаго, којашто е позната како улица на модата и бизнис центрите, продефилираа ликови на херои од приказните, ликови на уметници, спортисти и музичари, јавува Anadolu Agency (AA).
Парадата којашто се одржа во рамките на „Фестивалот на светлината“ се претвори во магична сцена. На настанот главна активност беше танцувањето, а покрај ниските температури кои достигнаа и под нулата, учествуваа илјадници луѓе.
Настанот, попознат по називот „Магнифисент Миле“ директно беше пренесуван од повеќе телевизиски канали.
Парадата, којашто се одржа под строги безбедносни мерки, заврши со прекрасно шоу со огномет.