Dzihat Aliju
27 Октомври 2016•Ажурирај: 28 Октомври 2016
СКОПЈЕ (АА) – По повод 29 Октомври – Денот на Републиката, Амбасадата на Република Турција во својата резиденција во Скопје приреди прием на кој присуствуваа претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, министерот без ресор Бејџан Илјаз, министерот за правда Валдет Џафери, голем број на пратеници, амбасадори, дипломати, верски претставници, претставници на турските институции и огранизации во Македонија, претставници на невладини организации, бизнисмени и останати гости, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако беа отсвирени химните на двете земји, Амбасадорот на Република Турција во Скопје Омур Шолендил ја прочита пораката на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, по која одржа поздравен говор во кој потсети на постоечките добри односи меѓу Република Македонија и Република Турција и го изрази своето големо задоволство од сепфатната соработка меѓу двете земји која е проширена во разни области и која секој ден сѐ повеќе се развива.
Амбасадорот Шолендил истакна дека многу голем удел во постигнувањето на напредното ниво меѓу двете земјит на полето на политиката, економијата и културата е постигнато благодарение на граѓаните и сонародниците кои живеат во Македонија.
„Уште еднаш ви се заблагодарувам за вашиот значаен придонес во развојот на турско-македонските односи. Сакам уште еднаш да истакнам дека како и досега, Република Турција е подготвена да продолжи на секое поле да ја дава својата поддршка кон вас и на пријателската и братска држава Македонија“, рече амбасадорот Шолендил.
Амбасадорот на Турција во Скопје Шолендил рече дека денеска во околината на Турција се случува голема човечка трагедија, регионот е во граѓанска војна и се среќава со тероризам, организиран криминал и голем број на закани.
„Со ваквиот криминал и закани, најефикасен начин е искрена меѓународна соработка. Денеска Турција се бори со многу голем товар на тероризам, миграции и проблем со бегалците кои го почуствуваа и европските земји. Борејќи се со терористичките организации ПКК и ДЕАШ од една страна, Турција наиде на предавнички обид за државен удар од страна на терористичката организација ФЕТО, кој успеаа да го спречат нашиот почитуван претседател, нашиот парламентот и нашата света нација со својата проникливост и храброст“, рече амбасадорот на Турција во Скопје Шолендил.
Зборувајки дека како „пријател и брат“ го привршува својот мандат во Македонија, Шолендил рече: „За неколку дена ќе се разделам од од оваа убава земја и од нејзините почитувани луѓе. Но мојата душа, љубов и моите молитви секогаш ќе бидат со вас. Им се заблагодарувам на сите почитувани раководители на Македонија, на народот, граѓаните, на моите сонародници, и амбасадори за дадената поддршка“, истакна во завршниот дел од своето обраќање амбасадорот на република Македонија во Скопје Омур Шолендил.