наука и технологија

„БајоНТех“ купува кинеска биотехнолошка фирма за да ја зајакне стратегијата за онкологијата

Компанијата „Бајотеус“ открива и развива решенија за антитела за пациенти со ретки медицински потреби и болести

Emir Yıldırım  | 14.11.2024 - Обновена : 15.11.2024
„БајоНТех“ купува кинеска биотехнолошка фирма за да ја зајакне стратегијата за онкологијата

ИСТАНБУЛ (АА) – „БајоНТек“ (BioNTech) потпиша договор за купување на „Бајотеус“ (Biotheus), кинеска биотехнолошка компанија, за 800 милиони долари за дополнително зајакнување на нејзиниот третман на тумори, се вели во денешното соопштение на германскиот производител на лекови, пренесува Анадолу.

„БајоНТек“ ќе плати дополнителни 150 милиони долари доколку се исполнат одредени точки, додека трансакцијата се проценува дека ќе се затвори во првиот квартал од следната година, во очекување на одобрување.

„Бајотеус“ открива и развива решенија за антитела за пациенти со ретки медицински потреби и болести.

Германската компанија ќе ги стекне правата на „истражувачкото биспецифично антитело“ на „Бајотеус“ наречено „BNT327/PM8002“ и ќе го употреби во својата стратегија за онкологијата.

Антителото кое е во доцната фаза на клинички истражувања го таргетира протеинот PD-L1, кој се наоѓа во клетките на туморот во големи количини, и протеинот VEGF-A, клучен за формирање на крвните садови.

Антителото се користи за обновување на способноста за „препознавање и уништување“ на туморските клетки во Т-клетките на телото, кои се бели крвни зрнца во имунолошкиот систем кои се борат со заболувања и рак, додека го запираат протокот на крв и кислород во клетките на туморот за да се спречи понатамошен негов раст.

„БајоНТек“ има за цел да ги развие своите истражувања и терапии преку понудата на „Бајотеус“, комбинирајќи ги напорите за борба против канцерот.

Купувањето на компанијата ќе го прошири досегот на германскиот производител на лекови во Кина бидејќи ќе поседува фабрика за напредни биолошки производи како дел од договорот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.