Ekipa
28 Ноември 2018•Ажурирај: 28 Ноември 2018
КАИРО (АА) - Во рамки на археолошките ископувања извршени во градот Гиза, во западниот дел на Египет, откриени се осум мумии кои датираат од пред 3.000 години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на египетското Министерство за антиквитети, во ископувањата извршени во југоисточниот дел од пирамидата на Аменемхет II (1929–1895 п.н.е.), кој е еден од фараоните на 12. Династија од Антички Египет, која се наоѓа во подрачјето на Дехшур во Гиза, откриени се низа саркофази.
Секретарот на Високиот совет на историски артефакти, Мустафа Везири, истакна дека како резултат на ископувањата започнати во август, во овие саркофази биле пронајдени 8 мумии.
Везири нагласи дека 3 од откриените мумии за кои се претпоставува дека датираат од периодот 1085-332 година пред нашата ера, се во добра состојба.