Can Erözden
19 Мај 2017•Ажурирај: 20 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Експерт од компанијата „Labris networks technology“ од Анкара, за АА соопшти дека „ransomware“ програмата „WannaCry“ (софтвер што го блокира пристапот до податоците, барајќи откуп за пристап до нив), која од 12 мај за цел ги има глобалните компании, засега се користи само како средство за изнуда на средства за откуп на блокираните податоци, шифрирајќи ги податоците запишани на мемориските единици на компјутерот, јавува Anadolu Agency (AA).
Компјутерскиот експерт препорачува да се направи бекап (резервна копија на податоците), и додава: „Потребно е сите компјутерски корисници, вклучувајќи ги и домашните корисници, да практикуваат изработка на резервна копија на своите податоци“.
Компјутерскиот есперт од Анкара истакнува дека Американската национална институција за безбедност (НСА) ја пронашла основната причина на проблемот, но не го известила „Microsoft“ за безбедносниот пропуст во системот.
„Овој безбедносен пропуст е украден од НСА и продаден е на црната берза. Според информациите што ги добиваме, може да се каже дека кодот на малициозната програма наликува на кодот на малициозната програма што се користеше пред извесно време. Бидејќи претходната малициозна програма потекнуваше од Северна Кореја, и „WannaCry“ се поврзува со оваа земја. Може да се каже дека НСА пукаше самата во себеси, со сопствено оружје. Во март, Misrosoft направи надградба за оваа дупка во системот. Дури и подготви надградба за Windows XP (Видиус Икс-пе), за кој одамна престана да подготвува надградба. Оперативниот систем Windows XP сѐ уште се користи на голем број места, како што се компјутерите на банкоматите и рекламните паноа. Оние што немаат лиценца или поради некоја друга причина не ја поседуваат надградбата, имаат дупка во оперативниот систем. Напаѓачите ги пребаруват ИП-адресите, и доколку е можен пристап преку интернет, во рок од 3 минути го инфицираат компјутерот“, додава компјутерскиот експерт.
Тој зборуваше за мерките што треба да се преземат и истакна дека едно од најважните нешта е ажурирање на системот. Компјутерскиот експерт предупредува на внимателност при користењето на електронската пошта и препорачува:
„Се подразбира дека малициозната програма првенствено во компјутерот доаѓа преку електронската пошта. Корисниците во никој случај не треба да ги отвораат оние мејлови што не ги очекуваат или не ја знаат нивната содржина. Втора мерка на претпазливост е создавањето безбедносна заштита“.