Турција, наука и технологија

Турскиот беспилотен борбен авион „Кизилелма“ успешно заврши уште еден аеродинамичен тест

Авионот заврши уште едно тестирање за идентификација на аеродинамичниот систем како дел од распоредот за тестирање

Ekipa  | 18.03.2025 - Обновена : 18.03.2025
Турскиот беспилотен борбен авион „Кизилелма“ успешно заврши уште еден аеродинамичен тест

ТУРКИЈЕ (АА) - Првиот турски борбен авион без екипаж, Бајрактар ​​КИЗИЛЕЛМА, кој е развиен од турската компанија „Бајкар“, во саботата успешно заврши уште едно тестирање за идентификација на аеродинамичниот систем како дел од распоредот за тестирање, јавува Анадолу.

„Бајкар“, најголемата светска компанија за беспилотни летала, потпиша договори за извоз со 34 земји за беспилотните летала Бајрактар ТБ2 и со 11 земји за Бајрактар АКИНЏИ ТИХА.

Бајрактар Кизилелма, кој ќе се приближи до брзината на звукот со својот моќен нов мотор, многу подобро маневрира при големи брзини благодарение на аеродинамичните подобрувања.

Авионот ќе може да ги извршува најпредизвикувачките мисии благодарение на интегрираниот радар АЕСА (AESA).​​​​​​​

Проектот Бајрактар КИЗИЛЕЛМА започна во 2021 година, а од производствената лента излезе на 14 ноември 2022 година, по што беше префрлен во центарот за обука и тестирање АКИНЏИ.

По успешно завршените тестови на земја, го направи својот прв лет на 14 декември 2022 година. Бајрактар ​​КИЗИЛЕЛМА полета за само една година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.