Туркије ја одбележува 110-годишнината од победата кај Чанаккале
Десетици илјади војници загинаа во една од најжестоките битки во светот пред 110 години, Битката на Галиполи, во Османлиското Царство за време на Првата светска војна

АНКАРА (АА) – Туркије денес, 18 март, ја одбележува 110-годишнината од победата кај Чанаккале (Галиполи) и Денот на загинатите херои, со кои се одбележува годишнината од клучната победа за време на Првата светска војна, јавува Анадолу.
На церемонијата што се одржа на Меморијалот на загинатите херои на полуостровот Галиполи, турскиот потпретседател Џевдет Јилмаз положи венец на споменикот на Ататурк, а се оддаде почит со едноминутно молчење и се интонираше националната химна.
На комеморацијата присуствуваше и турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој.
- Битката на Галиполи -
Десетици илјади војници загинаа во една од најжестоките битки во светот пред 110 години, Битката на Галиполи, во Османлиското Царство за време на Првата светска војна.
Битката траеше во периодот помеѓу 25 април 1915 година и 9 јануари 1916 година.
Британија и Франција сакаа да го обезбедат својот сојузник Русија, бидејќи полуостровот Галиполи обезбедуваше морски пат до тогашното Руско Царство.
Нивната цел била да го освојат Истанбул, главниот град на Османлиското Царство.
Турците го одбија поморскиот напад, а за време на осуммесечната офанзива паднаа многу жртви од двете страни.
Кога и копнената кампања им пропадна, напаѓачките сили се повлекоа.
Победата против сојузничките сили го подигна моралот на турската страна, која потоа продолжи да води Војна за независност на Туркије од 1919 до 1922 година, по што во 1923 година од царството се формира република.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.