Ömer Aydın
27 Март 2018•Ажурирај: 28 Март 2018
ПАРИЗ (АА) - Претседателот на Република Франција, Емануел Maкрон, најави дека со реформата на образовниот систем, од наредната година, децата во предучилишно образование, задолжително ќе одат на возраст од три години, за разлика од претходните шест, јавува Anadolu Agency (AA).
На Конференцијата, која се одржа во Париз на тема „Задолжително предучилишно образование“, Maкрон најави дека тоа во Франција ќе биде воведено од 2019 година за деца на возраст од три години.
Децата во Франција, досега во основното образование се вклучуваа на возраст од шест години, а Maкрон рече дека одлуката за воведување задолжително предучилишно образование е донесена поради важноста на ова прашање, со цел децата, уште во својата рана фаза на развој, да ги научат француските вредности.
Задолжителното основно образование од 6 до 16 години во Франција беше воведено во 1982 година.
Со најавената реформа за предучилишно образование, во наредната година ќе се вклучат најмалку 25.000 деца.