свет, политика

Бајден: „Мирно ќе ја предадам претседателската функција на 20 јануари“

- „Му честитав (на Трамп) за победата. Го уверив дека целата моја администрација ќе работи со неговиот тим за мирна и уредна транзиција. Американскиот народ тоа го заслужува“, изјави американскиот претседател Џо Бајден

Hakan Çopur  | 07.11.2024 - Обновена : 07.11.2024
Бајден: „Мирно ќе ја предадам претседателската функција на 20 јануари“

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека му се јавил на Доналд Трамп и му ја честитал победата на претседателските избори и додаде дека мирно ќе ја напушти функцијата на 20 јануари, известува Анадолу.

Во првата оценка на резултатите од претседателските избори одржани на 5 ноември, Бајден на прес-конференција во Белата куќа истакна дека изборите во земјата поминале мирно и дека изборниот систем функционира како што треба.

Бајден рече дека вчера му се јавил на Трамп за да му честита за победата на изборите.

„Разговарав со новоизбраниот претседател Трамп и му честитав на победата. Го уверив дека целата моја администрација ќе работи со неговиот тим на мирна и уредна транзиција. Американскиот народ го заслужува тоа“, рече Бајден и додаде:

„Ќе ја извршувам мојата должност како претседател, ќе ја одржам заклетвата и ќе постапам во согласност со Уставот. Својата должност мирно ќе ја предадам на 20 јануари.“

Оценувајќи дека демократската кандидатка Камала Харис водела многу успешна изборна кампања, Бајден рече дека американскиот народ донел одлука и ќе се однесува во согласност со таа одлука.

Нагласувајќи дека ќе ја предаде функцијата по околу 2,5 месеци и ќе даде сѐ од себе во текот на преостанатиот претседателски мандат, Бајден продолжи со зборовите:

„Не можете да ја сакате својата земја само кога победувате. Не можете да ги сакате своите соседи само кога се согласувате.“

Трамп официјално ќе положи заклетва на 20 јануари 2025 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın