свет

Загинаа 4 лица, а 18 се повредени во рускиот напад на Запорожје

- Оштетена е зградата на онколошката болница. Тимовите за пребарување и спасување бараат луѓе под урнатините, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалната мрежа Х.

Davit Kachkachishvili  | 07.11.2024 - Обновена : 07.11.2024
Загинаа 4 лица, а 18 се повредени во рускиот напад на Запорожје

КИЕВ (АА) - Четири лица загинаа, а 18 се повредени во ракетен напад на руската армија врз украинскиот град Запорожје, известува Анадолу.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски на својот профил на социјалната мрежа X изјави дека руската армија извршила ракетен напад врз украинскиот град Запорожје.

Во соопштението на Украинската служба за итни случаи, се наведува дека во ракетниот напад на руската армија врз градот Запорожје загинале четири лица, а 18 се повредени, меѓу кои две се деца.

Информирајќи дека цел на нападот биле куќи и згради во кои живееле цивили, Зеленски рече:

„Оштетена е зградата на онколошката болница. Тимовите за пребарување и спасување бараат луѓе под урнатините“.

Зеленски тврди дека таквите напади ја „уништуваат“ можноста за преговори со Русија.

Потенцирајќи ја потребата да се спречат руските напади, Зеленски нагласи дека за ова треба да се зголеми способноста на Украина да изведува напади со оружје со долг дострел.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın