Nazlı Yüzbaşıoğlu
17 Април 2017•Ажурирај: 17 Април 2017
АНКАРА (АА) - Според неофицијалните резултати од референдумот за уставните во Турција, турскиот народ гласаше за „да”. По тој повод, шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу, доби голем број честитки од своите колеги, меѓу кои и од шефот на македонската дипломатија и вицепремиер на Македонија, Никола Попоски, јавува Anadolu Agency (AA).
Од дипломатски извори се дознава дека меѓу дипломатите кои телефонски му ги честитале резулатите од референдумот на турскиот министер Чавушоглу е и вицепремиерот на Македонија и шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски.
Покрај Попоски, Чавушоглу телефонски го побарале и му ги упатиле своите честитки и шефот на дипломатијата на Катар, шехот Мухамед бин Абдурахман Ал Тани, шефот на дипломатијата на Саудиска Арабија, Адил ел-Џубејир, шефот на дипломатијата на Судан, Ибрахим Гандур и шефот на дипломатијата на Кенија, Амина Мухамед.