политика

Премиерот Мицкоски на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта

„На Самитот ќе имам и мое излагање на сесијата посветена на темата економска сигурност и меѓусебно поврзување“, истакна Мицкоси

Ekipa  | 07.11.2024 - Обновена : 08.11.2024
Премиерот Мицкоски на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта Фото: Христијан Мицкоски/X.com

СКОПЈЕ (АА) - Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, присуствува на Самитот на Европската политичка заедница што се одржува во главниот град на Унгарија, Будимпешта, пренесува Анадолу.

Мицкоски преку својот профил на социјалната мрежа Х објави дека на Самитот присуствува заедно со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

„На Самитот ќе имам и мое излагање на сесијата посветена на темата економска сигурност и меѓусебно поврзување“, напиша Мицкоски.

Домаќин на Самитот е унгарскиот премиер Виктор Орбан, а присутните ќе разговараат и за нерегуларната миграција и прашањата поврзани со економската сигурност на Европа.

Официјалните претставници од земјите членки на Европската Унија (ЕУ) и другите земји се очекува да разговараат и за односите меѓу ЕУ и САД по победата на поранешниот претседател Доналд Трамп на изборите за втор претседателски мандат.

Европската политичка заедница е основана во 2022 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.