Senıta Sehercehajıc
27 Јануари 2020•Ажурирај: 28 Јануари 2020
САРАЕВО (АА) - Словенечкиот премиер Марјан Шарец денес најави дека поднесува оставка од позицијата премиер, јавуваат словенечките медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шарец понуди одржување предвремени избори.
Како што пренесуваат словенечките медиуми, Шарец во соопштението за јавноста наведува дека со моменталната Влада не може да го спроведе она што го ветил на народот, додавајќи дека тоа би го можел по изборите.
Овој потег на Шарец, како што пренесуваат медиумите, уследил по најавата за заминување од Владата на министерот за финансии Андреј Беронцељ.
Шарец би требало да ја достави изјавата за оставка до Собранието на Словенија.