Enes Canlı
13 Октомври 2019•Ажурирај: 13 Октомври 2019
AНКАРА (AA) – Со фотографиите кои се споделени од профилот за поддршка на таканаречениот поранешен претседател на ПЈД/ПКК, Салих Муслим, објавена е дезинформација за користење на фосфорни бомби во текот на операцијата „Извор на мирот“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Лажната фотографија е дел од пропагандата која се шири против воената операција „Извор на мирот“ на североистокот на Сирија, односно во пограничниот појас на источниот брег на Еуфрат, кој е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Поради напредување и успех на операцијата, на социјалните мрежи се шират дезинформации, манипулации, видеозаписи и фотографии снимени на други места и во различни периоди. Една од таквите фотографии е објавена на профилот на еден од приврзаниците на Салих.
Профилот е отворен во знак на поддршка на Салих, а на него е објавена фотографија забележана во момент на фрлање на фосфорна бомба. Под фотографијата е напишано „Турската војска, за жал, во Рас ал Ајн употребила фосфорни бомби.“
Меѓутоа, фотографијата е снимена во текот на американската акција во Ирак во 2017 година. Употребата на фосфорните бомби е забранета според меѓународните закони.
Турските сили на 9 октомври ја започнаа операцијата „Извор на мирот“ во североисточна Сирија, односно во пограничниот појас на источниот брег на Еуфрат, кој е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека целта на операцијата е со елиминирање на терористичките елементи да се обезбеди турската граница и да се спречи воспоставување терористички коридор. Целта е и воспоставување безбедносна зона за враќање на сириските бегалци и зачувување на територијалната целост на Сирија.
Турција предупредува дека терористичката операција ПКК и нејзиниот сириски огранок ЈПГ/ПЈД претставуваат најголема закана за безбедноста на Сирија, бидејќи го загрозуваат нејзиниот територијален интегритет и целост.