Ata Ufuk Şeker
26 Јули 2022•Ажурирај: 27 Јули 2022
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) донесе одлука да го продолжи за уште шест месеци времетраењето на економските санкции спроведени кон Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Европската комисија, санкциите против економијата на Русија се продолжени до 31 јануари 2023 година.
Во ова соопштение се вели дека спроведувањето на економските санкции кон Русија, со образложение дека ја дестабилизира Украина, за прв пат започнало во 2014 година.
Се истакнува дека овие санкции се проширени од февруари откако Русија ја нападна Украина.
Во соопштението се наведува дека санкциите се спроведуваат во различни области, како финансии, енергетика, индустрија, транспорт, технологија, разни производи и луксузни стоки.
По започнувањето на руско-украинската војна, ЕУ почна со спроведување на 7 пакети со санкции. Во овие рамки, се забранува увозот на злато, нафта и јаглен од Русија. Бројни руски банки се исклучени од меѓународниот платежен систем СВИФТ.