Ekipa
30 Мај 2017•Ажурирај: 31 Мај 2017
ПАНАМА - Поранешниот диктатор на Панама, Мануел Нориага, почина во 83. година од животот, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван извор близок на семејството соопшти дека Нориага починал доцна синоќа, но не ја откри причината за смртта. Минатата година му беше дијагностициран тумор на мозокот, поради што беше подложен на оперативен зафат.
Актуелниот претседател на Панама, Хуан Карлос Варала, на својот Твитер профил напиша дека со смртта на Нориага е затворено едно цело поглавје во историјата на земјата. Варала, исто така истакна дека семејството има право во мир да го организира погребот.
Нориега владееше со Панама од 1983-1989 година, но никогаш не беше претседател на Панама. Се школувал во воените училишта во земјата и во Перу, и беше вклучен во многу злосторства.
Најпрвин беше сојузник на САД, но подоцна ги олади тие односи, а неговиот режим е критикуван од страна на американската влада. Капката којашто ја прелеа чашата е нападот на американските војници. Неговиот режим беше срушен со американската инвазија кон крајот на 1989 година. Тој успеа да избега од американските сили и од Ватикан неуспешно бараше азил.
Тој им се предаде на Американците во февруари 1990 година, а потоа отслужи 17-годишна затворска казна поради криумчарење дрога. Почина во затвор во Панама служејќи казна за отстранување политички непријатели.