Gökhan Kurtaran
23 Мај 2017•Ажурирај: 24 Мај 2017
ЛОНДОН (АА) - Премиерката на Велика Британија Тереза Mej, по вонредната владина седница што се одржа поради терористичкиот напад минатата ноќ во Манчестер, изјави дека полицијата го откри идентитетот на напаѓачите, но тој нема да биде објавен поради истрагата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Знаеме дека синоќешниот напад е извршен со експлозивна направа што терористот ја активира на еден од излезите од концертната сала, за да се пролее крвта на невини луѓе“, рече Меј.
Премиерката Меј истакна дека на концертот што беше цел на нападот имало голем број деца и млади луѓе, и дека сите терористички напади се кукавички напади врз невини луѓе, но синоќешниот напад се истакнува според кукавичлакот, подлоста и варварството.
Потврдувајќи ја информацијата дека во синоќешниот напад се убиени најмалку 22 лица, Меј истакна дека меѓу 59 повредени лица, повеќето се животно загрозени.
„Полициските сили сметаат дека нападот е дело на еден напаѓач, но потребно е да се откријат сите детали и дали тоа беше само чин на еден напаѓач или е вмешана поголема група. Истрагата ќе потрае“, изјави Меј.
Таа најави дека во текот на денот лично ќе го посети Манчестер и местото на нападот, и ја предупреди јавноста дека терористичката закана е на сериозно ниво, што значи дека постои голем ризик од терористички напади.
Пред крајот на концертот на поп-ѕвездата Аријана Гранде во „Манчестер Арена“, синоќа одекна силна експлозија во која загинаа најмалку 22 лица, а ранети се 59 лица.
Британската полиција ја спроведува истрагата за тој случај, а утринава е соопштено дека станува збор за терористички напад што го извршил бомбаш-самоубиец.
Британската полиција уапси 23-годишно момче осомничено за поврзаност со синоќешниот терористички напад.
Терористичката организација ДЕАШ ја презеде одговорноста за синоќешниот напад во Манчестер во кој денеска е уапсен 23-годишно машко лице за поврзаност со нападот.