Ali Cura
11 Март 2019•Ажурирај: 12 Март 2019
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, истакна дека се зајакнати руските воени единици на полуостровот Крим, јавува Anadolu Agency (AA).
Во своето обраќање во Комитетот за одбрана на руската Дума, Шојгу, информирајќи за активностите на руската Армија, рече: „Воената единица на Крим беше зајакната за да се заштити полуостровот и да се обезбедат интересите на Русија во Црното Море.“
Шојгу, истакнувајќи дека од 2012 година наваму за руската армија се купени над 200 интерконтинентални балистички проектили, додаде: „Во последните 6 години, Армијата на Русија купи 109 интерконтинентални балистички проектили „Јарс“ и 108 подводни балистички проектили.“
Тој, исто така, рече дека руската Армија испробала вкупно 316 нови видови оружје во Сирија.