Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
свет

„Само сакаме достоинствен живот“: Исповед на баба која сама се грижи за 17 внуци во Газа

- „Најосновното право на човекот е достоинствен живот. А ние само посакуваме достоинствен живот“, рече таа. „Копнееме по таков живот - каде што нема да легнуваме гладни, каде што нема да спиеме иплашени.“
Sanja Kerazovska
12 Февруари 2026•Ажурирано: 18 Февруари 2026
„Само сакаме достоинствен живот“: Исповед на баба која сама се грижи за 17 внуци во Газа

ГАЗА (АА) – Секој ден претставува борба за баба од Газа, која чува 17 внуци под нејзина закрила, во скоро уништен објект, соочена со недостаток на основни потреби, како и храна и гориво, пишува Анадолу.

Мона Хасан (50), која ги загубила сопругот и синот во израелските напади врз Појасот Газа, живее во областа на Жолтата линија во населбата Зејтун, во зграда која нема цели ѕидови и кров.

„Живееме во опасност. Бидејќи живеам блиску до линијата, во близина на Евреите, целиот наш живот е во опасност. Во секој момент може да ни се случи нешто“, изјави Хасан за Анадолу на 8 февруари.

Таа опиша дека собира огревно дрво и отпадни материјали, вклучително и обвивки од бонбони и ќеси од чипс, за да запали оган за готвење поради сериозниот недостиг на гас.

„За да им обезбедам храна на моите деца и на најмалите што ги имам, мора да готвам. Принудени сме, ако сакаме да јадеме - мора да се бориме. Тоа е многу, многу исцрпувачко“, рече таа.

Покрај физичките тешкотии, Хасан изјави дека постојаните истрели на огнено оружје, експлозии и движењето на тенковите во текот на ноќта создаваат уште поголем психолошки притисок.

„Ноќе често не можеме да спиеме. Не можеме повторно да се раселуваме - немаме енергија, немаме сила, немаме здравје“, рече таа, додавајќи дека зградата во која се наоѓаат е во опасност од уривање.

И покрај прекинот на огнот што стапи во сила на 10 октомври минатата година, кој требаше да вклучува и повторно отворање на граничните премини, Хасан вели дека условите не се подобрени.

„Тие велат дека преминот е отворен, но досега не забележавме никакви промени. Напротив — кога првпат дојдовме од југ, не слушавме огнено оружје или куршуми. Сега квадрокоптерите се на улиците, а ноќе постојано се пука“, рече таа.

Хасан чувствува очај бидејќи да замине некаде со 17-18 деца под нејзина грижа, покрај недостиг на транспорт и ресурси, е практично невозможно.

„Најосновното право на човекот е достоинствен живот. А ние само посакуваме достоинствен живот“, рече таа. „Копнееме по таков живот - каде што нема да легнуваме гладни, каде што нема да спиеме иплашени.“

Израел веќе скоро 18 години одржува блокада на Газа, дом на речиси 2,4 милиони Палестинци. Опсадата се засили кога граничните премини беа затворени и доставувањата на храна и лекови беа блокирани, присилно носејќи ја енклавата кон општа глад.

Израел целосно ја затвори палестинската страна на преминот Рафа од мај 2024 година како дел од својата офанзива врз Појасот Газа, која од октомври 2023 година однесе повеќе од 71.600 животи, претежно на жени и деца.

Според Министерството за здравство во Газа, и покрај прекинот на огнот, израелската Армија продолжува со прекршувања, при што се убиени 581 Палестинец, а 1.553 се ранети.

related_topics:
Палестинциизраелски нападиГазаВојнавнуциБаба
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
 Полскиот премиер за Одборот за мир: Полска е лојален сојузник на САД, но „нема да биде вазал“

Полскиот премиер за Одборот за мир: Полска е лојален сојузник на САД, но „нема да биде вазал“

Следно

УНРВА: Речиси 90% од училиштата во Газа се оштетени или уништени во израелските напади

 УНРВА: Речиси 90% од училиштата во Газа се оштетени или уништени во израелските напади

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Камионите со хуманитарна помош од Турција влегоа во Газа

Камионите со хуманитарна помош од Турција влегоа во Газа

Израел депортираше активистки

Израел депортираше активистки

Во последниот израелски напад на Газа причинета штета од 9,5 милиони долари

Во последниот израелски напад на Газа причинета штета од 9,5 милиони долари

Израел во првата половина од 2019 година уби 16 деца

Израел во првата половина од 2019 година уби 16 деца

Русија: 40 украински војници и над 1.000 украински воени средства уништени во операциите во текот на ноќта

Русија: 40 украински војници и над 1.000 украински воени средства уништени во операциите во текот на ноќта

Русија: Соборивме авиони од типот „Су-25“ и „Миг-29“ на украинската војска

Русија: Соборивме авиони од типот „Су-25“ и „Миг-29“ на украинската војска

ЕУ го зголемува производството на оружје за Украина

ЕУ го зголемува производството на оружје за Украина

Израелската армија започна копнена офанзива за проширување на тампон-зоната во Газа

Израелската армија започна копнена офанзива за проширување на тампон-зоната во Газа

Цивилната одбрана во Газа: 75 % од нашите возила се надвор од употреба бидејќи горивото заврши

Цивилната одбрана во Газа: 75 % од нашите возила се надвор од употреба бидејќи горивото заврши

Шпанскиот оскаровец Хавиер Бардем ја нарече израелската армија „нацисти“

Шпанскиот оскаровец Хавиер Бардем ја нарече израелската армија „нацисти“