Sümeyye Dilara Çelik
23 Август 2020•Ажурирај: 24 Август 2020
АНКАРА (АА) – Апликацијата „ТикТок“ за кратко споделување на видеа, соопшти дека ќе преземе правни мерки во врска со забраната во САД, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Немаме друг избор освен да поднесеме жалба пред судовите со цел да завладее правото и нашата компанија и нашите корисници да се третираат правично“, се наведува во соопштението на „ТикТок“.
Посочувајќи дека веќе една година правени се обиди за комуникација со американскиот претседател Доналд Трамп, компанијата „ТикТок“ нагласи дека се соочила со недостаток на правен процес и со администрација која не се интересира за фактите.
Во соопштението, исто така, се потенцира дека податоците за корисниците на апликацијата „ТикТок“ не се доставуваат до кинеските власти.
Во меѓувреме, група Американци од кинеско потекло поднесоа посебна тужба за забрана на „WeChat“, уште една кинеска апликација.
„ТикТок“ е забранет во Индија, додека Австралија, исто така, планира да преземе мерки против оваа апликација.
Американскиот претседател Трамп истакна дека мобилните апликации развиени и во сопственост на кинески компании ја загрозуваат националната безбедност на САД, надворешната политика и економијата.
„Ќе го затвориме ‘ТикТок‘ на 15 септември, освен ако не се продаде на Мајкрософт или друга компанија“, нагласи Трамп.