Gamze Türkoğlu Oğuz
23 Август 2020•Ажурирај: 24 Август 2020
АНКАРА (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, даде одобрение за федерална помош за пожарите во сојузната држава Калифорнија, кои ги прогласи за голема катастрофа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „BBC“, Трамп пожарите во Калифорнија ги прогласи за голема катастрофа, и го отвори патот за федералната помош.
Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, нагласи дека тоа што Трамп ги прогласи пожарите за голема катастрофа ќе им помогне на лицата погодени од пожарите во однос на нивно засолнување, кризна консултација и други социјални услуги.
„Ако не верувате во климатските промени, дојдете во Калифорнија“, напиша Њусом на својот профил на Твитер.
Во пожарите во Калифорнија уништени се 400.000 хектари земјиште.
Над 14.000 пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола пожарите кои избувнаа на 585 места.
Во пожарите досега загинаа најмалку 6 лица, додека повредени се 43 лица, меѓу кои и пожарникари.
Поради пожарите илјадници лица беа принудени да ги напуштат своите домови.