Gökhan Varan
03 Јуни 2021•Ажурирај: 04 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Италијанскиот амбасадор во Анкара, Масимо Гаиани, изјави дека Турција е главен италијански трговски партнер меѓу земјите во Медитеранскиот Басен, јавува Агенција Анадолија (АА).
Зборувајќи на настанот одржан од Италијанската амбасада во турскиот главен град Анкара по повод 2 јуни, Денот на Републиката, Гаиани истакна дека пријателството меѓу народите на двете земји ги обединува Италија и Турција.
Гаиани рече дека се сретнал со луѓе од различни сегменти и возрасти, што претставува основа за врските меѓу двете земји откако тој дошол во Турција, истакнувајќи дека тие имаат воспоставено просперитетни и заемно корисни трговски односи.
Потсетувајќи дека Италија е втор по големина трговски партнер на Турција во рамките на ЕУ, Гаиани посочи дека Италија е рангирана на првото место меѓу земјите што инвестираат во Турција.
„Како лојални членки на Атлантската алијанса (НАТО) и активни поддржувачи на системот за мир и безбедност на ОН во меѓународен контекст, заедно се соочуваме со бројни глобални предизвици. Ние мора да ги обединиме нашите напори за да ја победиме пандемијата и да ги оживееме нашите економии“, додаде тој.