Sayed Khodaberdi Sadat
26 Август 2019•Ажурирај: 27 Август 2019
КАБУЛ (АА) - Авионите на силите на НАТО по грешка погодија цивили во авганистанската покраина Логар, јавува Anadolu Agency (AA).
Хасибулах Станикзеј, претседател на Градскиот совет во Логар, во изјава за медиумите истакна дека авионите на силите на НАТО, во рамки на операцијата реализирана против Талибанците, по грешка ги погодиле куќите на цивилите во селото Бабус во Логар.
Станикзеј информираше дека според првичните сознанија во овој напад загинал еден цивил, додека 4 цивили биле повредени.
Од друга страна, поранешниот претседател на Авганистан, Хамид Карзај, во писмено соопштение побара НАТО да ги запре нападите врз цивилите.
НАТО сè уште не даде изјава во врска со овој случај.