Yusuf Özcan
26 Август 2019•Ажурирај: 27 Август 2019
ПАРИЗ (АА) - Најмалку 19 лица се уапсени во текот на изминатите 24 часа во јужниот француски град Бијариц, во кој се одржува самитот на лидерите на Г7, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Канцеларијата на гувернерот на департманот Атлантски Пиринеи се откриени околностите под кои се уапсени престапниците.
Под исклучително силни мерки на безбедност во јужниот дел на Франција се одржува самитот на лидерите на седумте најразвиени земји на светот. За мерките за безбедност се ангажирани 13.200 полицајци и 450 пожарникари.
За време на првиот ден од самитот се уапсени 68 лица, а вчера уште 19.
Недалеку од Бијариц се одржуваат протести, а во местата Бајон и Уруњ дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата.