Ekipa
25 Август 2019•Ажурирај: 26 Август 2019
МАДРИД (АА) - Најмалку пет лица загинаа во судир на хеликоптер и помал авион на островот Мајорка, пренесува Anadolu Agency (AA).
Властите на шпанскиот автономен регион Балеари потврдија дека несреќата се случила денес и дека меѓу настраданите било најмалку едно малолетно лице.
Во соопштението се наведува дека надлежните служби излегле на местото на несреќата.
Приватната шпанска новинска агенција „Europa Press“ јавува дека помалиот авион по сударот паднал на поле покрај фарма.