Ayşe Aktaş
16 Ноември 2017•Ажурирај: 17 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Една јапонска компанија за железнички сообраќај им се извини на патниците поради тоа што возот тргнал 20 секунди порано, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според весникот „Strait Times“ (Стрејт тајмс), компанијата дала писмено соопштение во коешто потсетува дека возот на „Tsukuba Express“, кој сообраќа на линијата помеѓу Токио и Цукуба, наместо во предвидениот термин во 9:44 часот, тргнал 20 секунди порано од станицата Минами Нагарејама.
Во сооштението се наведува дека до грешката дошло бидејќи персоналот не направил контрола на линијата, и е упатено извинување поради непријатностите што настанале од предвременото тргнување на возот.
Покрај тоа, во соопштението се наведува дека до компанијата не е упатена ниту една жалба во врска со случајот.
Јапонија е земја со најбезбедната и нејфреквентна железница во светот, но многу ретко се случува воз да се движи надвор од предвидениот возен ред.
Вработените од токиското метро мошне прецизно го контролираат возниот ред на стотиците возови со кои се превезуваат Јапонците, така што додека патниците патуваат на една линија, водени според тајмингот на патување, со прецизност во минути и секунди можат да се качат на друга линија.