?kipa
26 Август 2019•Ажурирај: 27 Август 2019
МАДРИД (АА) - Воен авион на Шпанските воздушни сили се сруши во Средоземното Море за време на рутински тренинг-лет, при што загина пилотот на авионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Властите на автономниот регион Мурсија и Цивилната заштита на Шпанија соопштија дека воениот авион од типот „C-101“ паднал во морето недалеку од брегот на Мурсија.
Министерството за одбрана на Шпанија соопшти дека телото на пилотот било пронајдено во Средоземното Море.
Во соопштението се наведува дека пилотот успеал да го активира катапултот при падот на авионот, но дека сепак, не ја преживеал несреќата што се случила за време на рутински тренинг.
Компанијата КАСА (CASA) соопшти дека е започната истрага за падот на авионот, кој е дел од нејзиниот производен асортиман.
Ова е втора авионска несреќа во Шпанија во изминатите 24 часа. Вчера во Мајорка дојде до судир на хеликоптер и помал авион, при што загинаа најмалку седум лица.