Ruslan Rehimov
29 Октомври 2020•Ажурирај: 30 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Азербејџанската војска собори два ерменски воени авиони Су-25, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека околу 13:18 и 13:20 часот по локално време, азербејџанската Армија соборила два ерменски воени авиони Су-25 во правец на Губадли.
Се наведува дека станува збор за воени авиони кои се подготвувале за напад врз азербејџанските позиции.
Од Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува и дека двата авиони биле соборени од азербејџанските воздухопловни сили.