Hakan Ceyhan Aydoğan
18 Мај 2017•Ажурирај: 19 Мај 2017
МОСКВА (АА) - Раководителот на Одделот на кризниот центар при руското Министерство за надворешни работи, Алексеј Јерхов, предложен е пред рускиот Парламент за амбасадор на земјата во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што истакна извор од Комитетот за меѓународни односи при руската Дума за агенцијата ТАСС, Министерството за надворешни работи на Русија до парламентот го предложил Јерхов за руски амбасадор во Анкара.
Според законите на Русија, Министерството за надворешни работи номинира амбасадор до комитет во парламентот. Во случај комитетот да го поддржи, одлуката оди на потпис кај претседателот на државата.
Да потсетиме дека на 19 декември 2016 година врз рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, беше изведен атентет при неговата посета на изложба во Анкара. Карлов беше префрлен во болница, но набргу потоа им подлегна на повредите.