İdris Sülün
22 Декември 2021•Ажурирај: 23 Декември 2021
АНКАРА
Американската тајна служба соопшти дека се украдени најмалку 100 милијарди долари од програмите за поддршка на луѓето кои останале без работа и бизнисите поради епидемијата на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Координаторот на тајната служба, Рој Дотсон, кој е задолжен да истражува измами поврзани со епидемијата, во писменото соопштение рече дека измамите се откриени кога се испитани податоците од Министерството за труд на САД и Администрацијата за мали бизниси.
Рој Дотсон истакна дека во околу 3 отсто од исплатите направени во рамките на програмите за поддршка на епидемијата откриени се неправилности.
Американското Министерство за труд соопшти дека околу 87 милијарди долари од бенефициите за невработеност се исплатени неправилно, а во значителен дел откриени се и измами.
Тајната служба, додека ги истражувала случаите на осигурување за невработеност и кредитна измама, наводно запленила 1,2 милијарди долари.
Меѓу другото, соопштено е дека продолжуваат повеќе од 900 активни истраги во врска со измами при плаќања за епидемии и дека досега се уапсени 100 лица.