Beyza Binnur Dönmez
17 Март 2021•Ажурирај: 17 Март 2021
АНКАРА
Американскиот претседател, Џо Бајден, го нарече рускиот претседател, Владимир Путин, „убиец“ во претходно снимено интервју, велејќи дека неговиот руски колега ќе ја плати цената за мешање во изборите на Соединетите Американски Држави (САД), јавува Агенција Анадолија (АА).
Коментарите на Бајден беа објавени денес, во пресрет на извештајот на американското разузнавање, што ги зацврстува долгогодишните тврдења дека Путин се мешал во изборите во Москва 2020 година, обвинувања што веќе се отфрлени од страна на Русија.
На прашањето на Џорџ Стефанополус од „Еј-би-си њуз“ дали верува дека Путин е „убиец“, Бајден одговори: „Да, верувам.“
„Цената што тој ќе ја плати, ќе ја видите наскоро“, рече тој, осврнувајќи се на наводите за мешање во изборите.
Бајден исто така изјави дека кога на Путин му кажал дека нема душа, тој одговорил: „Се разбираме меѓусебно.“
Изјавите на Бајден го покажуваат остриот пресврт во топлите односи што поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги имаше со Путин, како и поранешниот претседател на Републиканската партија на САД, Џорџ Буш.
По самитот во 2011 година со Путин, тогашниот претседател Џорџ В. Буш изјави: „Го погледнав човекот во очи. Го сметам за многу директен и доверлив - можев да добијам чувство за неговата душа.“