Анадолу го сними затворот „Тадмор“, еден од најозлогласените затвори на соборениот режим во Сирија
Агенција Анадолу продолжува да ги документира затворите познати по систематското кршење на човековите права и тортура врз затворениците во Сирија
ХОМС (АА) – Анадолу ја сними моменталната состојба на затворот Тадмор (Палмира) во Хомс, некогаш еден од најозлогласените притворни центри под режимот на соборениот претседател Башар ал-Асад.
По граѓанската војна во Сирија и по падот на 61-годишниот режим на партијата Баас, Агенција Анадолу продолжува да ги документира затворите познати по систематското кршење на човековите права и тортура врз затворениците.
Снимките го прикажуваат сега уништениот затвор Тадмор, кој стана озлогласен како место каде што единиците командувани од вујкото на Башар ал-Асад, Рифат ал-Асад, убија 1.000 невооружени лица во 1980 година. Повеќето од жртвите биле членови на групата Муслиманско братство.
Затворскиот комплекс е скоро уништен, а многу објекти се претворени во урнатини. Иако некои делови се останати, нивната внатрешност покажува големи оштетувања.
Документите расфрлани во затворските канцеларии, некогаш користени од иранските сили, се гледаат на снимките.
Во 2015 година, терористичката организација ДЕАШ ја презеде контролата врз „Тадмор“ и го уништи затворот со експлозив. Областа беше цел и на израелските воздушни напади врз подрачјето на Тадмор во Хомс.
Башар ал-Асад, кој владееше со Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи го зазедоа Дамаск на 8 декември во молскавична офанзива предводена од Хајат Тахрир ал-Шам.
Преземањето на власта го означи крајот на повеќедецениското владеење на семејството Асад.
Новата администрација, на чело со Ахмед ал Шара, оттогаш ги презеде водството и одговорноста за земјата, и започна напори за нејзина обнова.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.