Ekip
26 Јуни 2020•Ажурирај: 28 Јуни 2020
ПАРИЗ
Ајфеловата кула во Париз, која во рамки на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот (Ковид-19) беше затворена три месеци, повторно е отворена за посетителите, јавува Агенција Анадолија (АА).
До први јули е забрането користење на лифтот на кулата чии прв и втор кај се отворени за посети.
Во рамките на донесените мерки, посетителите ќе мораат да носат маски.
Околу седум милиони туристи секоја година го посетуваат 7. арондисман во Париз, за да ја посетат кулата, а од тоа три четвртини се од странство.