Ali Murat Alhas
24 Февруари 2020•Ажурирај: 24 Февруари 2020
ПЕКИНГ (АА) - Бројот на починати од коронавирусот во Кина се искачи на 2.594 лица, соопшти денес кинеската Национална комисија за здравство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Комисијата истакна дека во изминатите 24 часа починале 150 лица, а откриени се 409 нови случаи со вирусот, со што вкупниот број на потврдени случаи со коронавирусот во Кина изнесува над 77.000.
Околу 97.000 лица во моментот се наоѓаат под медицински третман, додека бројот на отпуштени пациенти од болниците изнесува околу 25.000.
Надвор од континентална Кина, во Специјалниот Административен Регион на Кина, Хонгконг, има регистрирано 74 случаи, додека во Макао 10 случаи.
Коронавирусот се рашири во над 25 други земји, меѓу кои и во САД, Велика Британија, Сингапур, Иран, Италија, Франција, Русија, Шпанија, Индија и други земји.
Светската здравствена организација (WHO) поради вирусот прогласи состојба на глобална опасност.