свет

Бразилскиот суд отвори истрага против израелски војник

Фондацијата ‘Хинд Раџаб’ наведе дека осомничениот, за кој се вели дека моментално се наоѓа во Бразил како турист, учествувал во уривањето на домовите на палестинските цивили во рамките на израелската геноцидна кампања.

Gizem Nisa Çebi  | 04.01.2025 - Обновена : 05.01.2025
Бразилскиот суд отвори истрага против израелски војник

БРАЗИЛИЈА (АА) - Судот во Бразил побара од полицијата да истражи израелски војник обвинет за воени злосторства во Појасот Газа, по поднесената жалба од Фондацијата ‘Хинд Раџаб’ (ХРФ), објави оваа група вчера, известува Анадолу.

Пред една недела, ХРФ обвини дека осомничениот, за кој се вели дека моментално е во Бразил како турист, учествувал во уривањето на домовите на палестинските цивили во рамките на израелската геноцидна кампања.

„Оваа личност активно придонела за уништувањето на домови и средства за живот“, рече адвокатката на ХРФ, Маира Пинеиро, а како доказ ги наведе видео-снимките и фотографиите кои го поврзуваат осомничениот со злосторствата.

ХРФ е организација која се залага за правда, човекови права и одговорност за кршење на меѓународното право, особено во контекст на вооружените конфликти и наводни воени злосторства.

Семејствата на жртвите се приклучија на случајот во Федералниот суд во Бразил, барајќи правда преку правни патишта.

ХРФ повика на итно приведување на осомничениот, предупредувајќи на ризикот од негово бегство од Бразил и загрозување на доказите.

Судот, повикувајќи се на бразилскиот Законик за кривична постапка, нареди итни истражни дејствија, што е од историско значење бидејќи Бразил, како потписник на Римскиот статут, ги применува неговите одредби.

„Ова е навистина историски момент. Ова поставува моќен преседан со повик на одговорност на воените злосторници“, рече Дијаб Абу Јахјах, претседател на групата ХРФ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın