Руски авион поради дефект принудно слета во Египет
Авионот од типот Ербас А-321 се врати на аеродромот Шарм ел Шеик, а 236 патници безбедно се префрлени на меѓународниот терминал
КАИРО (АА) - Руски патнички авион вчера принудно слета во Египет веднаш по полетувањето поради технички дефект, известува Анадолу.
„Авионо Ербас А-321 на ‘Урал ерлајнс’ кона пат кон Екатеринбург, Русија, со 236 патници мораше да се врати на аеродромот во Шарм ел Шеик“, се вели во соопштението на египетското Министерство за цивилна авијација.
Се додава дека откако се случил техничкиот проблем во еден од моторите само 10 минути по полетувањето, пилотот веднаш побарал дозвола за итно слетување.
Сите патници се безбедно префрлени на меѓународниот терминал.
Стручни тимови ја испитуваат причината за дефектот и ги вршат потребните поправки.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.