Ahmet Gürhan Kartal
16 Ноември 2021•Ажурирај: 17 Ноември 2021
ЛОНДОН
Британската влада во понеделникот му се извини на муслиманот кој бил погрешно бил опишан како екстремистички проповедник на омразата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението за медиумите во 2015 година, Салмон Бат, главниот уредник на веб-страницата „Islam21c“, беше наречен од владата како личност што го легитимира тероризмот.
„Владата прифаќа дека беше целосно лажно да се тврди дека Бат е екстремистички проповедник на омразата кој го легитимира тероризмот и дека е некој од чие влијание студентите треба да бидат заштитени“, рече Ејдан Ердли пред судот, правен советник на британската министерка за внатрешни работи Прити Пател.
„Жал ми е за штетата која му е нанесена, особено за фактот дека тврдењето беше изнесено и одржано толку долго“, додаде тој, читајќи го извештајот.
По правниот предизвик на Бат за лажното обвинение од страна на британската влада, министерството за внатрешни работи се согласи да го избрише неговото име од соопштението во медиумите и да му плати компензација на Бат заедно со правните трошоци.
„Една од најјасните лекции од овој случај, особено е колку всушност е неоснован поимот „екстремизам“, а со тоа и “контра-екстремизмот“, рече Бат одговарајќи на спогодбата.
„Јас верувам дека дискусијата за ектремизмот е мртва. Се повеќе луѓе сфаќаат дека тоа е небулозен термин употребуван од моќниците за да ги замолчат мислите, идеите или говорот кој не сакаат или не можат да ги оспорат без принуда. Тоа е ‘ерес’ на денешницата“.