свет

Британската кралица Камила привремено се повлече од јавниот ангажман поради болест

77-годишната Камила моментално не е добро поради инфекција на градниот кош, поради што лекарите ја советувале да одмори краток период

Burak Bir  | 05.11.2024 - Обновена : 05.11.2024
Британската кралица Камила привремено се повлече од јавниот ангажман поради болест

ЛОНДОН (АА) – Британската кралица Камила се повлече од јавните обврски откако не се чувствува добро поради респираторна инфекција, соопшти денеска Бакингемската палата, пренесува Анадолу.

Во соопштението се наведува дека 77-годишната Камила моментално не е добро поради инфекција на градниот кош, поради што лекарите ја советувале да одмори краток период.

„Со големо жалење Нејзиното Височество мораше да се повлече од своите должности за оваа недела, но се надева дека ќе закрепне навреме за да присуствува на настаните претстојниот викенд“, соопшти Палатата.

Не се откриени повеќе детали за болеста на сопругата на кралот Чарлс Трети.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.