Davit Kachkachishvili
09 Јули 2018•Ажурирај: 10 Јули 2018
ТБИЛИСИ (АА) - Исчезнатиот американски пар и нивното четиригодишно дете се пронајдени мртви во долината Хада сместена во подрачјето Тушети во Грузија, јавува Anadolu Agency (AA).
Мамука Челидзе, претседател на Одделот за борба против организираниот криминал, кој е дел од Министерството за внатрешни работи на Грузија, организираше прес-конференција на која информираше дека по тридневна потрага, во долината Хада се пронајдени безживотните тела на американскиот пар и нивното четиригодишно дете.

Челидзе на пресот изјави дека таткото Р. С. и неговото четиригодишно дете се убиени со ловечка пушка од страна на грузискиот државјанин М. К.
Тој наведе дека сопругата и мајка Л. С. починала по падот во долината, во обид да избега од местото на несреќата. Извршителот на злосторството, М. К. е приведен.
Се дознава дека членовите на убиеното семејство се државјани и на САД и на Грузија, а последните шест години живееле во Грузија.
Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека биле информирани за исчезнувањето на споменатото семејство на 6 јули во долината Хада.