Fatma Bülbül
13 Јули 2016•Ажурирај: 14 Јули 2016
АТИНА (АА) - Најмалку четири лица загинаа, меѓу кои и две деца, кога брод со најмалку десетмина мигранти потона во Егејското Море, во близина на брегот на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Грчката крајбрежна стража изјави дека спасувачките екипи досега спасиле шестмина мигранти од водата, а ги пронашле телата на четири удавени лица, меѓу кои и две деца.
Спасувачките екипи сѐ уште се на терен и се обидуваат од преживеаните да дознаат дали на бродот се наоѓале уште мигранти.
Грчката новинската агенција АМНА објави дека два големи гумени чамци рано утрово на Лезбос довеле најмалку 90 мигранти.
Егејското Море е честа рута за нелегална миграција во Европа, а според податоците на крајбрежната турска стража, во текот на изминатата година, во ова море се удавиле најмалку 279 мигранти, а бродоломите најчесто се случувале како резултат на преполнетоста на бродовите.