свет

Бројот на загинати во Газа се искачи на 37.925, во израелските напади убиени уште 25 Палестинци

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“

Ahmed Asmar  | 02.07.2024 - Обновена : 03.07.2024
Бројот на загинати во Газа се искачи на 37.925, во израелските напади убиени уште 25 Палестинци

АНКАРА (АА) - Уште најмалку 25 Палестинци се убиени во израелските напади во Појасот Газа, со што вкупниот број на убиени се искачи на 37.925 од 7 октомври минатата година, соопшти денес Министерството за здравство во опколената енклава, јавува Анадолу.

Во соопштението на Министерството се додава дека 87.141 Палестинец се повредени во нападот.

„Израелските сили убија 25 лица и повредија 81 во три „масакри“ врз семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава во соопштението.

Не почитувајќи ја Резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива врз Газа од нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година.

Во текот на осум месеци напади од израелската Армија огромни делови од Газа се во урнатини, а постои исклучителна блокада за храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата најнова одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од еден милион раселени Палестинци побараа засолниште.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.