Esra Akgün
22 Април 2016•Ажурирај: 22 Април 2016
КИТО (АА) - Земјотреси со јачина од 6 и 5,8 степени по Рихтер, утрово повторно го потресоа Еквадор, јавува Anadolu Agency (AA).
Додека Еквадор го потресуваат нови земјотреси, бројот на загинати од претходните два земјотреси е зголемен на 587, а потрагата по преживеаните сè уште трае.
Официјални лица наведуваат дека се продолжени акциите за потрага и спасување на лицата погодени од земјотресот со јачина 7,8 степени по Рихтер, кој го погоди Еквадор во сабота. Пацифичкиот брег на Еквадор во средата го погоди и земјотрес со јачина од 6,1 степен по Рихет.
Градоначалникот Манте Хорхе Замбрано потврди дека синоќа од под рушевините се извлечени три лица. Според него, за потрагата во наредниот период ќе се користат помоќни машини.
Според последните податоци, во земјотресите се повредени 7.015 лица а за 155 лица немаат никакви информации. Срушени се 1.215 стамбени објекти.