Ikrame Imane Kouachi
14 Јануари 2024•Ажурирај: 15 Јануари 2024
Министерството за здрвство во Газа соопшти дека бројот на загинати Палестинци во израелските напади од 7 октомври во Газа се зголеми на 23.968, а на повредени на 60.582.
„Израелските окупациски сили извршија 11 масакри врз семејства во Појасот Газа, што резултираше со 125 жртви и 265 повредени во изминатите 24 часа“, се вели во соопштението на Министерството.
За 100 дена израелска агресија врз Појасот Газа, во соопштението се вели дека „окупациските сили убиле 337 здравствени лица и привеле 99 лица во тешки услови“.
„Израелските окупациски сили намерно таргетираа 150 здравствени установи, ставајќи надвор од функција 30 болници и 53 здравствени центри и уништија 121 амбулантно возило“, се додава во соопштението.
Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври.
Според официјалните бројки, бројот на загинати во Израел изнесува речиси 1.200.
Израелскиот напад ја остави Газа во урнатини, при што 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, а речиси 2 милиони жители се раселени поради сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.