Ahmed Asmar
23 Април 2025•Ажурирај: 24 Април 2025
АНКАРА (АА) - Најмалку 39 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа во последните 24 часа, со што бројот на убиени од октомври 2023 година досега се зголеми на 51.305, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу.
Во соопштението на Министерството на палестинската енклава се вели дека во болниците се пренесени 105 повредени лица, со што вкупниот број на повредени во израелските напади достигна 117.096 .
„Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се вели во соопштението.
Израелската армија ненадејно ја продолжи воздушната кампања врз Појасот Газа на 18 март, при што се убиени 1.928 луѓе, а повредени се над 5.000 и покрај договорот за прекин на огнот и за размена на затвореници од јануари.
Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.