Murat Temizer
30 Јануари 2023•Ажурирај: 01 Февруари 2023
ВАРШАВА (АА) - Бројот на бегалци кои од Украина влегле во Полска заклучно со 30 јануари надмина 9,5 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение објавено на Твитер ја потврди Граничната гарда на Полска.
Во соопштението се нагласува дека забележана е интензивна миграција од почетокот на руско-украинската војна.
Се додава дека само во текот на вчерашниот ден во Полска од Украина влегле 22.700 лица.
„Од почетокот на војната досега, бројот на лица кои од Украина преминаа во Полска се искачи на 9.510.000“, се наведува во соопштението.
Според објавените податоци, бројот на Украинци кои ја напуштиле Полска изнесува 7.250.000.