Bilgin S. Şaşmaz
09 Септември 2018•Ажурирај: 10 Септември 2018
ЧИКАГО (АА) - Бурни ветрови предизвикаа големи бранови на езерото Мичиген, а во нив животот го загуби најмалку едно лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот Национален метеоролошки завод предупреди дека силниот ветар со брзина и до 60 километри на час, на брегот на Чикаго предизвика бранови и до три метри височина.

За време на прошетката на брегот, едно момче се лизнало и исчезнало во водата.
Очевидците тврдат дека станува збор за 26-годишниот Рамиро Каликсто, чие безживотно тело спасувачките екипи го пронашле два часа подоцна.
Бурните ветрови и големи бранови на брегот на Мичиген се очекуваат и денес, а надлежните власти привремено го затворија шеталиштето долж брегот во Чикаго.