Elvır Hodzıc
08 Мај 2022•Ажурирај: 09 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Лидерите на земјите на групата Г7 денес ќе одржат видеоконференциска средба на која ќе разговараат за актуелната ситуација во светот, а во фокусот ќе бидат случувањата во руско-украинската војна, известува Агенција Анадолија (АА).
На лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД би требало да им се обрати претседателот на Украина, Владимир Зеленски.
Според претходните изјави на американскиот претседател Џо Бајден, една од темите во фокусот на денешната средба ќе бидат и санкциите што САД и сојузниците ѝ ги наметнуваат на Русија поради војната во Украина.
Бајден би можел да потегне прашање за воведување дополнителни санкции кон Москва.
Состанокот е организиран на денот кога во Европа се одбележува крајот на Втората светска војна и ослободувањето на Европа од нацистичките сили.