Halit Süleyman
26 Ноември 2016•Ажурирај: 27 Ноември 2016
АЛЕПО (АА) - Во градот Алепо во Сирија, руски воен авион изврши воздушен напад врз подрачјето под контрола на опозицијата, при што е бомбардирана фабрика за лекови. Во нападот загинаа најмалку 2 лица, а ранети се 5-мина, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставник на Cивилната заштита во градот, Хусеин Мисри, за дописникот на АА изјави: „Еден воен авион на руската армија ја бомбардираше фабриката за лекови „Шифа лекови“, која се наоѓа во подрачјето на Мансура“.
Претставникот на Цивилната заштита соопшти дека во нападот животот го загубиле најмалку две лица, додека петмина се повредени. Фабриката претрпела голема материјална штета и е надвор од употреба.
Мисри истакна дека руските и режимските сили ги напаѓаат здравствените центри и болници, додавајќи дека сите медицински центри во источен Алепо се надвор од употреба.