23 Март 2019•Ажурирај: 24 Март 2019
АЛЖИР
Илјадници адвокати се собраа денеска во главниот град на Алжир на протест на кој бараат од алжирскиот претседател Абделазиз Бутефлика да отстапи од функцијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Повеќе од 3.000 адвокати се собраа во центарот на Алжир, од каде што го започнаа маршот кон Уставниот суд, највисоката правосудна институција во земјата.
Уставниот суд на Алжир ги надгледува претседателските, парламентарните избори, референдуми и ги разгледува жалбите во рамките на тие процеси, објавувајќи конечни разултати, и ја утврдува уставната на законите.
Повремено доаѓа до помали судири меѓу демонстрантите и силите на безбедност, но досега нема повредени.
„Бараме смена на режимот и започнување на транзициски период низ кој нема да нѐ водат претставници на сегашниот политички систем“, изјави за АА адвокатот Абдел Гани Бади.
Мекран Ајат, исто така адвокат, ја обвини сегашната власт во Алжир за „вртење грб на барањата на народот“.
Денешниот протест е организиран на повик на Алжирската адвокатска комора, која повика на протести за оставка на Бутефлика.
Минатата недела, по неколкунеделните протести против планот на претседателот да се кандидира за петти мандат, 82-годишниот Бутефлика ги одложи изборите закажани за 18 април и ја повлече кандидатурата.
Граѓаните на Алжир продолжија со масовните демонстрации во неколку града, обвинувајќи го Бутефлика за неуставно продолжување на својот четврти мандат на позицијата претседател, кој истекува наредниот месец.
Во февруари алжирскиот Национален либерален фронт го кандидираше Бутефлика за негов петти мандат. Бутефлика е претседател на Алжир од 1999 година. Опозицијата продолжува со притисок врз претседателот да се воздржи од оспорувањето на одржување на претстојните избори.